четврток, 12 ноември 2026
Најново

Што доколку би се стопил целиот мраз на Земјата?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Топењето на светскиот мраз веќе се одвива додека го читате ова. Но, се одвива бавно што за да се стопи целиот мраз би дочекала некоја идна генерација.
Доколку ние продолжиме со негрижата за нашата планета, со глобалното затоплување и загадувањето, земјиниот мраз ќе продолжи да се топи и тоа сѐ побрзо и побрзо. Нашите наследници, некои правнуци, веројатно ќе живеат во многу поинаков свет и тоа поради нашата негрижа за оваа планета која ни овозможува живот.
Кога сиот тој мраз насобран на двата пола би се стопил, нивото на светскиот океан драстично би се подигнало. Копното какво што го знаеме денес би изгледало многу поинакво, а добар дел би се нашол под вода. Многу островски држави би исчезнале, како и приморски градови како Венеција, Амстердам, Мајами и многу други.
Ова апокалиптично сценарио е возможно, па еве како би изгледала Земјата доколку тоа еден ден би се остварило:

Поврзани вести