четврток, 12 ноември 2026
Најново

Што знае бебе што е онлајн шопинг за 10.000 долари?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Родителите често им даваат на своите деца мобилен телефон или таблет за да ги смират или да си „купат“ слободно време да прават некои работи што не можат со децата.
Сепак, на тиктокерката @StayFitStayLit веќе нема да ѝ текне на такво нешто – не ни очекувала дека безопасната игра со таблет ќе стане финансиска хорор приказна.
На десетмесечниот син му дала да си игра со таблет, а тој купи целосен пакет за автономно возење вреден 10.000 долари преку апликацијата на Tesla.
„Најлошото е што дознав дека по 48 часа тие средства се неповратни“, рече таа.
Гневната мајка не можеше да поверува дека толку пари ѝ биле одземени од картичката без да внесе лозинка или каква било верификација.

@stayfitstaylitWell our son decided we needed the self driving package we debated on before 🥲😬💀 #tesla #teslaworld #ohno #foryou #fyp♬ Oh No – Kreepa


Многумина ја критикуваа, откако таа ја сподели приказната која стана вирална.
„Да, да. Најдобро е да го обвиниш детето“, рече една жена.
„Зошто му давате таблет на десетмесечно бебе, наместо да се занимавате со него“, додаде друг.
„Не би бил лут на бебето затоа што тој пакет е врвен“, коментира трет корисник на TikTok.

Поврзани вести