Што значи двоглавниот орел за Османи

По реакциите на фотографијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде симболизираат двоглав орел, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи вели дека тоа е знак на идентификација дека е Албанец.
-Двоглавниот орел значи порака јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ке бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам согласно чл 48 од Уставот кој вели дека државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници, вели Османи.
Во оваа прилика вицепремиерот Османи дополни дека примената на законот за употреба на јазиците веќе е почната  и дека тој лично ги потпишал првите документи на два јазика. Иако очекува првите денови од стапувањето на сила да има потешкотии во примената на законот, но како што вели, со помош и искуства од други држави каде се применува двојазчиност или тројазичност тие ќе се решат.
-Јас денеска ги потпишав првите двојазични документи, во сабота ке седнеме да направиме акционен план со точни рокови и инстиуции што треба да се подготви, а потоа на неделна основа да го следиме тој прицес. Апсолутно да не се чувствиваат загрозени Македоницте, нема да има ниту еден документ кој во него нема да го има македонскиот јазик. Второ, ова ќе овозможи граѓаните на мајчин јазик да комуницираат со државата, ке ги зближи Албанците со државата, а тоа е целта, рече Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.