Што користат Французите за гаснење пожар? Тие го направија ова за прв пат во историјата

Илјадници луѓе беа евакуирани од предградијата на Бордо во саботата поради големите шумски пожари што се приближуваат кон градот во југозападна Франција . Француските воени сили се приклучија во борбата против невидената пожарна стихија, а за прв пат во историјата беше подигнат и воен транспортен авион „Ербас А400М“ . Тој беше снимен како фрла 20 тони хемиски ретардант за да го спречи ширењето на пожарот.

Објавеното видео го прикажува авионот во низок лет додека испушта црвена пламен-ретардантна супстанца над загрозената шумска област, обидувајќи се да го пресече патот на пожарот што се заканува да се прошири кон нови населби.

Watch an A400 military plane drop an anti-fire substance in southwest France to stop wildfires spreading,Sky’s @BarbaraGSerra has the latestLive updates https://t.co/PAiZ4D1jU3 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/yxluybtOaM— Sky News (@SkyNews) July 25, 2026

Црвениот ретардант – мешавина од вода, хемиски средства за ретардирање на пламенот и пигменти, не се користи за директно гаснење на пламенот, туку се фрла врз вегетацијата пред фронтот на пожарот со цел да се намали запаливоста на растенијата и да се забави напредокот на пожарот. Пожар моментално е оддалечен околу 30 километри од Бордо , познат центар за лозарство и клучен сообраќаен центар за туристи на атлантскиот брег.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека во пожарите оваа година, предизвикани од интензивен топлотен бран низ Европа, досега во Франција изгореле рекордни 98.000 хектари земја.

– Очекуваме долга и тешка битка – предупреди Нуњез, додека францускиот премиер Себастијан Лекорну истакна дека пожарите достигнале невидено ниво. Властите ги евакуираа жителите од општините Ле Ајан, Есин и Меринак, а досега вкупно 167.000 луѓе се евакуирани од поширокиот регион Жиронд.

На возачите и патниците со железница им беше советувано да ја избегнуваат областа. Според климатскиот монитор на Ројтерс, просечната температура во поширокиот регион Аквитанија во јули е 32,2 °C, што е за дури 7,3 °C над повеќегодишниот просек.
The post Што користат Французите за гаснење пожар? Тие го направија ова за прв пат во историјата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: