Што ќе се случи со нашето тело доколку престанеме да јадеме леб

Кога ќе се ставиме на диета, првото нешто што логично го правиме, е да ги исклучиме лебот и сите печива од менито. Но, дали некогаш сте размислувале што може да предизвика ова дејство? Е, сега ќе ви кажеме.
1. Јаглехидратите во лебот се главниот двигател на мозокот, претворајќи се во енергија. Кога ќе ги намалиме, телото почнува да користи други резерви, за да биде активно, како гликогенот (образуван во црниот дроб и мускулите, изграден од глукозни остатоци), на пример. Но кога и тој ќе се намали, почнуваме да се чувствуваме како болни.
2. Падот на крвниот шеќер што може да се компензира со прием на корисни влакна и цели зрна, во форма на лебови од одреден тип брашно.
3. Можеме да го зголемиме или намалиме ризикот од срцеви заболувања. Видот на лебот и житариците кои ги избираме, може да го зголеми ризикот од срцеви болести. На пример, рафинираните јаглехидрати го зголемуваат нивото на омега-7 масни киселини (палмитолеинова киселина). А тоа доведува до зголемен ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Целите зрна го прават спротивното, затоа изборот треба да биде со интегрални брашна.
4. Се намалуваат драстично нивоата на енергија.
5. Се јавуваат проблеми со гастроинтестиналниот тракт. Влакната се важни во оваа смисла, бидејќи тие помагаат  за редовната работа на цревниот тракт.
6. Отфрлајќи ги јаглехидратите, серотонинот во мозокот се намалува и тоа доведува до промени во расположението и дури во тонусот. Тоа влијае и на нашата способност да се движиме повеќе.
7. Ги губиме течностите од организмот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.