Што ќе јадат затворениците во „Идризово“ за 1,1 милиони евра?

Најголемиот затвор во земјава ќе набави 13 тони компири и 8 тони грав. За затворениците ќе има и 260.000 јајца А класа, а најголема ставка е јогуртот со 80.000 евра. За 1,5 тони германски путер затворската управа ќе издвои 28.000 евра, а за пудинг 35.000 евра.

Топтан за цела година тендерот за храна на затворениците вреди речиси 1,1 милиони евра
Казнено-поправниот дом „ИдИризово“, најголемиот затвор во Македонија, ќе набави храна за затворениците во вкупна вредност од 1,2 милиони евра. На листата има повеќе од 150 продукти меса, зеленчуци, овошје, маренда и други додатоци на исхраната за кои „Идризово“ избрал една од шесте понуди.

Најголема поединечна ставка е трошокот за јогурт за затворениците која изнесува 80.000 евра за цела година. Меѓу највредните поединечни ставки се останатите млечни производи меѓу кои се српското сирење за 67.000 евра исто како и словенечката павлака.
Значајна ставка е и таа наменета за набавка на јајца. За нив затворот ќе издвои 41.000 евра. Сумата е наменета за набавка на 260.000 јајца од А класа.

Што ќе јадат затворениците во „Идризово“ за 1,1 милиони евра?

На месното мени во затворот „Идризово“ и неговото отворено одделение во Велес ќе бидат најзастапени говедското, јунешкото и пилешкото месо. Се разбира од асортиманот на замрзнати месни обработки. За набака на говедско замрзнато месо се наменети 44.000 евра, за јунешки колбаси 33.600 евра и пилешки стек околу 32.000 евра.
На менито има и риба и тука најчесто ќе се јаде конзервирана сардина за која затворот ќе плати 27.600 евра.

Од зеленчуците главни ќе бидат гравот за 28.600 евра набавен од Киргистан и домашниот компир за 11.800 евра. Затворската управа ќе набави 13 тони компир и 8 тони грав.
За затворениците има и десерти. На германски млечен пудинг со различни ароми ќе бидат потрошени 35.000 евра, ќе се набави мешан мармалад за 14.500 евра, а управата не штеди ниту на германски путер. Ќе набави 1,5 тони за кои ќе издвои 28.000 евра од буџетот.

На лагер ќе има и овошје. Јаболка, банани, лимони, портокали па и сливи со семка. Бананите носат најголем од овошниот буџет и на нив се планирани 8.900 евра.
Од другите позначајни ставки секако тука е „неговото височество“ зејтинот т.е. маслото за јадење. За него се наменети 19.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.