Штрудла со сирење и вишни

10 кори за баклава
800 г младо несолено сирење
500 г вишни
200 мл кисела павлака
4 јајца
200 г шеќер
150 мл газирана вода
50 мл масло
100 г шеќер во прав
Во сад ги матиме јајцата, ги додаваме шеќерот, павлаката и изронетото сирење, и го промешуваме филот.
Првата кора ја премачкуваме со мешавина од масло и вода, и до половина ја премачкуваме со филот. На средината во една колона редиме вишни без семки и виткаме ролат. На истиот начин ги подготвуваме сите ролати и ги редиме во намресена тава. Ги премачкуваме со преостанатата вода со масло. Печеме 30 минути на 200 степени.
Изладената штрудла ја наросуваме со шеќер во прав и ја сечеме на парчиња.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.