Штрудла со јаболка

Потребни состојки:
-250 г брашно
-150 мл млака вода
-40 мл масло
-малку сол
За фил:
-800 г јаболка
-50 г стопен путер
-100 г шеќер
-1 ванилин шеќер
-цимет по вкус
-2 лажички лебни трошки
-1 лажичка густин


Начин на подготовка:
Првин заместете тесто, соединете ги сите состојки и замесете глатко тесто кое не се лепи. Поделете го тестото на два дела и обликувајте мали топчиња. Покријте ги со кујнска крпа и оставете да мирува 30 минути додека не го подготвите филот.
Јаболката излупете ги и исечете ги на коцки. Веднаш додадете ги останатите состојки, измешајте добро. Подгответе го плехот обложен со хартија за печење. Тестото ставете го на малку брашно и правете што поголеми кругови. Попрскајте ги со стопен путер или масло оставете да постои 10 минути. развијте што поголема кора, филувајте на едната страна и завиткајте ја штрудлата.
Ставете на плех и истото го направете го со другиот дел од тестото. Печете на 200 степени околу 40 минути додека не добиете златно-кафена боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.