Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на УС Опен и подигнувањето на 24. грен слем трофеј во кариерата изјави дека одамна би бил издигнат на небо на спортски план да не бил од Србија.
Ѓоковиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали сега важи за еден од најдобрите спортисти на сите времиња, рече дека тоа треба да го проценат луѓето.
„Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум бил или не сум заслужил да бидам дел од таа дискусија. Факт е едно, да не бев од Србија, пред многу години ќе бев издигнат на небо на спортски план, особено во западниот свет. Но добро, тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што дојдов од Србија, ми дава верба и надеж, затоа се што постигнувам е уште послатко и уште повеќе ме исполнува, а вие пишувајте што мислите“ – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Ѓоковиќ во своето десетто финале на УС Опен го совлада Русинот Данил Медведев со 6-3, 7-6, 6-3 и го освои својот четврти трофеј во кариерата на грен слем турнирот во Њујорк по успесите во 2011, 2015 и 2018 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.