Ѓоковиќ за 84 минути го реши Медведев и обезбеди финале во Аделаида

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ има одличен старт на годината, откако обезбеди финале во Аделаида по триумфот против Русинот Данил Медведев со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.

Во првите три гема од мечот немаше возбудувања и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, но потоа Ѓоковиќ изврши притисок и направи брејк за водство од 3-1 и истото го зачува до крај за освојување на сетот со 6-3.

Двајцата тенисери водеа голема битка во вториот сет, а пресуден беше брејкот во седмиот гем на Ѓоковиќ, кој поведе со 4-3, а потоа одбрани две брејк-шанси за да стигне до победата од 6-4.

Ѓоковиќ во финале ќе игра против Себастијан Корда кој беше подобар од Јошихито Нишиока.

Пронајдете не на следниве мрежи: