Ѓоковиќ против Корда во финалето на Аделаида

Србинот Новак Ѓоковиќ и Американецот Себастијан Корда ќе играат во финалето на АТП турнирот во Аделаида, Австралија.

Ова е епилогот по денешните две полуфиналиња во кои Јапонецот Нишикора го предаде мечот на Корда при водство на Американецот со 1:0 во сетови, додека Ѓоковиќ го победи Русинот Данил Медведев со 6:3 и 6:4.

Финалето е закажано за утре во 8:30 часот.

Наградниот фонд на турнирот во Аделаида изнесува 643 илјади долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: