Ѓоргова за позитивните аспекти на проектот „Прометеј“

На свеченото отворање на Втората работилница од проектот „Прометеј“, во организација на Министерството за култура и туризам, државната секретарка Марија С. Ѓоргова најави важноста на актуелната тема – ширењето на епиграфското наследство и развојот на публиката. Овој проект, кој е делумно финансиран од програмата Креативна Европа, претставува одличен пример за прекугранична соработка во областа на дигиталната епиграфика. Преку овој проект, музеите, универзитетите и истражувачките институции од регионот и пошироко се здружуваат, притоа овозможувајќи користење на дигиталната технологија како врска помеѓу минатото и сегашноста. Нашата земја е благословена со богат културно-историски аманет. Од првите пишани траги до антички и римски споменици, секој натпис на камен или бронза е сведоштво за минатото, културниот идентитет и континуитетот на нашите простори. Проектот „Прометеј“, заедно со денешната работилница, има двојна цел: да го збогати стручниот дијалог помеѓу археолозите, историчарите и музејските раководители и да ја доближи епиграфиката до пошироката јавност, правејќи ја достапна и инспиративна. Министерството со задоволство го поддржува овој проект кој допринесува за визуелизација и достапност на епиграфското наследство, потикнувајќи динамично културно доживување. Ваквите иницијативи се охрабрувачки поттик за другите културни институции да ги искористат можностите кои ги нуди Креативна Европа за создавање на одржливи и иновативни проекти. Им посакувам на сите присутни успешна работилница, нови знаења и идеи кои ќе продолжат да го шират симболичниот оган на „Прометеј“ и ќе го делат неговото знаење со јавноста, додаде Ѓоргова.
The post Ѓоргова за позитивните аспекти на проектот „Прометеј“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: