Таа во финалето ја победи грчката тенисерка Марта Матула од Грција со 2-1 во сетови. Мечот се играше два часа и пет минути.
Грчката тенисерка подобро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-2, но потоа на сцена стапи Лина која во следните два беше подобра со 6-0 и 6-4 за победа од 2-1 во сетови.
За Ѓорческа ова беше 14. титула во кариерата, по овој успех таа би требало да има и добар скок на ВТА листата.
Ова за неа беше прв освоен турнир по септември 2023 кога исто така победи во Куршумлијска Бања.
The post Ѓорческа ја победи конкуренцијата во Куршумлијска Бања, 14. титула во кариерата. appeared first on 365.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи:


