Ѕвездички со цимет: Рецепт за колачиња кои совршено се вклопуваат во божиќната атмосфера

Ако сè уште не знаете каков десерт да припремите за претстојните празници, една од опциите е да припремите божиќни ѕвездички со цимет.
Овие ѕвездички совршено се вклопуваат во божиќната атмосфера, и уште поважно – тие се превкусни.
Оние кои веќе го испробале ваквиот рецепт напоменуваат да не се разочарувате ако ѕвездичките бидат малку тврди по првиот ден по припремата. Сè што треба да направите е да ги складирате во некоја лимена кутија или да ги покриете со фолија, а кога ќе отстојат, колачињата ќе омекнат.
Потребни состојки:
– 3 белки
– 250 гр. шеќер во прав
– 1 ванилин шеќер
– 1 полна лажичка мелен цимет
– 400 гр. неизлупени, сомелени лешници


Начин на припрема:
1. Започнете да ги миксирате белките сè додека не добиете цврст шлаг, а потоа полека додавајте го шеќерот во прав во нив и мешајте.
2. Од добиената смеса издвојте две цели лажици бидејќи ќе ви треба за премачкување на ѕвездичките.
3. Преостанатата смеса миксирајте ја со најмала брзина, во која постепено ќе го додавате ванилиниот шеќер, циметот и околу 150 грама лешници.
4. Продолжете да месите со раце и додадете ги и преостанатите лешници.
5. Површината наросете ја со шеќер во прав и размесете го тестото.
6. Со помош на калапчиња, направете ѕвездички од тестото (олеснете си го процесот со тоа што ќе ги натопите калапите со вода).
7. Ставете ги ѕвездичките во тава обложена со хартија за печење и секоја од ѕвездичките премачкајте ја со белките кои ги одвоивте на страна. Доколку ви се разлеат од страна, само избришете ги со малку вода.
8. Вака подготвените ѕвездички ставете ги да се печат на 140 Целзиусови степени, околу 25 минути.
9. По печењето, оставете да се изладат на собна температура, а потоа складирајте ги во лимена кутија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.