Јаболки претворени во неодоливо слатко задоволство

Покрај тоа што се здрави, јаболките можат да бидат и вистинско слатко задоволство со кое ќе ги израдувате вашите сакани.
Состојки:
– 1/2 кг. готови тенки кори
– 3 поголеми јаболки, кисели
– 100 гр. суво грозје
– цимет
– 100 гр. мелени ореви
– 200 гр. шеќер
– 1 ванилен шеќер
– 1/2 сок од лимон или портокал
– масло

Подготовка:
Изрендајте ги јаболките и додадете ги оревите, циметот, сувото грозје и шеќер по желба. Сето тоа добро измешајте го.
Раширете ја тенката кора на масата и намастете ја, додадете друга кора над неа и потоа и неа намастете ја.
На дното на кората ставете неколку лажици јаболки, па завиткајте ги во ролна. Наредете ги во подмачкана тава. Ролните исечете ги со остар нож или ножици.
Премачкајте со масло, па печете на 200 степени околу 30 минути за убаво да заруменат. Додека се печат, во тенџере истурете го шеќерот, додадете го ванилниот шеќер и сокот од лимон или портокал. Направете густ сируп, па изладете го.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.