Крцкавиот компир со пармезан ги освои социјалните мрежи, а во продолжение ви претставуваме една од варијациите на овој рецепт на ТикТок.
ТикТок може да биде одличен извор на инспирација доколку немате идеја што да зготвите, а секојдневно се појавуваат низа рецепти кои можат да ви помогнат да се одлучите.
Еден таков рецепт потполно ја освои оваа платформа, а објавени се над 10-тина видеа со различни варијации. Станува збор за крцкав компир од рерна, запечен со пармезан.
Состојките кои ви се потребни за ова јадење се компири, путер, пармезан, кромид во прав, лук во прав и сол и црн бибер.
Начин на подготовка:
Исечете ги компирите на половина, па направете засеци во средината. Истопете 125 гр. путер и ставете го во тава за печење. Додајте 2 супени лажици пармезан, 1/4 супена лажица кромид во прав, 1/4 супена лажица лук во прав и сол и црн бибер по желба.
Добро измешајте, а одозгора наредете ги компирите и премачкајте ги со малку путер. Врз компирите изрендајте уште малку пармезан и печете на температура од 200 Целзиусови степени околу половина час.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.