Јанушев: За 100 дена Влада реализиравме четири крупни инвестиции, ја проширивме и позитивната листа на лекови, а затекнавме општ хаос на секое поле

Очекувам дека во следниот период ќе продолжиме уште подобро и дека се она што имавме прилика да го слушнеме вчера претседателот при отчетот за овие 100 дена имавме прилика да слушнеме дека во наредниот период ќе имаме уште многу повеќе такви проекти реализирани и програми во интерес на граѓаните, рече Генералниот Секретар на влада, Игор Јанушев во гостувањето на Радио Лидер.

 

Очекувам дека во следниот период ќе продолжиме уште подобро и дека се она што имавме прилика да го слушнеме вчера претседателот при отчетот за овие 100 дена имавме прилика да слушнеме дека во наредниот период ќе имаме уште многу повеќе такви проекти реализирани и програми во интерес на граѓаните, рече Генералниот Секретар на влада, Игор Јанушев во гостувањето на Радио Лидер.
Јанушев го потенцираше проширувањето на позитивната листа со 87 нови лекови, од кои што девет се генерички лекови и четирите инвестиции кои што се реализираа во првите 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се огромни инвестиции, од кои само едната на Алказар енерџи е инвестиција од речиси половина милијарда долари која што на крајот ќе продуцира и со голема бројка на вработени во штипскиот регион.
-Исто тука е и Епсотек, инвестиција од околу 20 милиони евра која што ќе донесе околу 110 вработувања, следна е Вебтек инвестиција од 35 милиони евра со исто така над 100 нови вработувања. И да не ја заборавиме „БМЗ“ група која што планира да вложи околу 65 милиони евра и една огромна, бидејќи ова е една индустрија која што е трудово побарувачка, што значи некаде околу 700 нови вработувања, истакна Јанушев и додаде кога ќе се земат сите овие бројки станува збор за голема сума на инвестиции и голем капитал влегува во државата и од речиси 1500 нови вработувања.
Во однос на она што се затекнале во секретаријатот, Јанушев истакна дека се затекнало еден општ хаос на секое поле, од не водење грижа за објектите, односно просториите во која што се наоѓа владата до целосно искористување на државните ресурси за партиски цели.
-Хаосот е неверојатен и во поглед на самите владини седници и материјалите кои што во изминатите години со претходната власт се наталожиле до тој степен што можам слободно да кажам дека ќе ни требаат уште добри два до три месеци да успееме да ги исчистиме сите стари материјали кои што со години не биле разгледувани и биле оставани така да висат во така наречена владина процедура, рече Јанушев.

Пронајдете не на следниве мрежи: