Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга.
- Најстудено во Маврови Анови со измерени -3 степени, а најмногу снег на Попова Шапка
- Најдолгите и најздравите бракови ги применуваат овие шест работи
- Украинците страшно ја нападнаа Русија! Изгоре руски магацин со муниција и дронови! Нептун уништи сè пред себе! (ВИДЕО)
- Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ
- Во 2025 година овој хороскопски знак ќе помине низ најлошото од сè: Каде и да се сврти, ќе го следат тешкотии и непријатни ситуации (фото)
Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда.
Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.