ЈО: Полицијата во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на лекарот во Железара

  Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

-МВР работи на откривање  на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, посочија од Обвинителството.
Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара.  

Пронајдете не на следниве мрежи: