Јулија ќе си ја оперира | Причината ќе ве изненади

Jулија Медеирос (22) често ја споредуваат со Кајли Џенер, американската старлета и козметички магнат.

Оваа Бразилка со секојдневните објави успева да ги размрда социјалните мрежи и да ги изненади своите следбеници, но овој пат имаше нешто поинакво.

Јулија ќе си ја оперира | Причината ќе ве изненади

Бразилката ги маѓепса своите фанови со својот изглед, меѓу другото и затоа што неверојатно ги потсетува на познатата старлета Кајли Џенер. Младата раскошна бринета изгледа многу привлечно и често објавува провокативни фотографии, а сега успеа да ги изненади обожавателите со најава дека се подготвува за исклучително чувствителна операција.

Имено, Медеирос сонува за нова можност да ја изгуби невиноста, па решила хируршки да го „реконструира“ хименот.

– Имав 17 години кога ја изгубив невиноста со 30-годишен маж. Сакам повторно да го доживеам тоа, изјави инфлуенсерката за Daily Star.

Како што открила, нејзината прва врска била големо разочарување во нејзиниот живот.

– Како и многу девојки, бев измамена. Мислев дека се сакаме, ми кажа за брак и деца, но сето тоа беше лага. Отсекогаш сакав да биде романтичен момент како од бајките, па затоа решив да одам на операција – нагласи таа.

Јулија им открила на пријателите дека ќе оди на операција, па си заработила нов прекар „девицата од Мајами“. За операцијата ќе плати нешто повеќе од 9.000 евра, а вели дека сега е полнолетна и мажите не можат лесно да ја измамат.

– Имам силно либидo бидејќи престанав да носам гаќички кои порано ме кочеа секој ден. Не ги носам две години и се чувствувам одлично – заклучила Јулија.

Инфлуенсерката на Инстаграм ја следат 107.000 луѓе кои секојдневно и пишуваат комплименти под нејзините слики и бараат од неа да одговори на нивните приватни пораки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.