ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ ВАНЧО МИХАЛОВ БИЛ ФАШИСТ

„Во поглед на се почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб „Ванчо Михајлов“ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти, а во насока на почитување и унапредување на правната држава како еден од столбовите на Северна Македонија прашуваме дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот, а притоа тој доказ да е правно поткрепен и во Македонија, но и во Европа“ се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија.

Оттаму посочуваат „ако во Југославија но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек“.

„ВМРО-Народна партија смета дека секое паушално обвинение кое не е правно поткрепено од македонскиот или меѓународниот правен систем само ја зацврстува несериозноста и доведува до низа историски небулози кои пак на крајот завршуваат како монети за поткусурување и алатка за нови поделби во државата“ додаваат од ВМРО-НП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.