Љубчо Георгиевски: Македонија со донациите на оружје на Украина е доведена во деликатна состојба

ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата држава.

Љубчо Георгиевски: Македонија со донациите на оружје на Украина е доведена во деликатна состојба

„Република Македонија заедно со своите НАТО партнери мора да води договорна политика за некаков баланс на оружјето во нашиот регион бидејќи несероизно е Косово да има поголема воена техника отколку Македонија“, велат од партијата на Георгиевски.

Во партискиот став се наведува дека во последниве месеци повеќе пати слушаме дека Македонија и’ подарува на Украина тенкови, авиони, хеликоптери и артилерија. ВМРО-Народна партија сака да ја потести македонската јавност дека сто проценти од ова оружје е набвавено од Владата на Георгиевски, која патем, како што се наведува во соопштението, нема никаква допирна точка со денешното ВМРО-ДПМНЕ. Дел од ова оружје било подарок од Бугарија, а другиот дел по многу евтина цена набавено од Украина.

Од партијата велат дека југословенската армија под конторола на Слободан Милошевиќ претходно изнесе од Република Македонија оружје во вредност од неколку милијарди долари со што го направила најголемиот грабеж во историјата на нашата држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.