Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО, објави „Фокус“. За оваа позиција тој беше предоложен и претходно, но во август 2017 година ја врати поканата и како што тогаш напиша поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство.
– Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.