Њујорк Тајмс: Американските разузнавачки служби веруваат дека Украина го одобрила убиството на Дугина

Американските разузнавачки агенции веруваат дека поединци во украинската влада го одобриле неодамнешното убиство на Дарија Дугин, ќерката на влијателниот руски ултранационалист Александар Дугин, објави Њујорк Тајмс.

Њујорк Тајмс: Американските разузнавачки служби веруваат дека Украина го одобрила убиството на Дугина

Повикувајќи се на американски официјални лица, Њујорк тајмс пишува дека САД не биле вмешани во убиството, ниту пак дале разузнавачки информации или каква било друга помош за атентатот, пренесува Кликс.

Американците тврдат дека не биле свесни за намерата да се изврши убиството и велат дека би се спротивставиле доколку ги консултирале, поради што ги предупредиле украинските власти.

Се претпоставува дека САД направиле детална проценка дали Украина била вмешана во убиството на Дугина. По убиството, Украина негираше дека е вмешана во атентатот, а тоа го повтори и кога нејзините службеници беа прашани за проценката на американските разузнавачки служби.

САД сметаат дека ваквите напади имаат голема симболика, но дека имаат мало директно влијание врз ситуацијата на бојното поле во Украина, но се загрижени дека постои можност Русите да извршат слични напади врз украинските функционери.

„Њујорк тајмс“ наведува дека САД се незадоволни од нетранспарентноста на Украина, особено кога станува збор за активностите на територијата на Русија.

Како што пишува американскиот весник, од почетокот на војната, украинските безбедносни служби покажале способност да вршат саботажа во Русија, а се проценува дека атентатот на Дугина во Москва е една од најхрабрите операции, бидејќи покажала дека Украинците можат многу да се зближат со истакнати Руси.

Некои американски официјални лица веруваат дека нејзиниот татко Александар бил вистинската мета и дека украинските оперативци мислеле дека тој ќе биде во автомобилoт со својата ќерка. Се уште не е познато дали атентатот го одобрил претседателот на Украина Володимир Зеленски и кој го извршил, пишува Њујорк Тајмс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.