Ќерката на Дејвид Боуви открива дека тој присилно ја сместил во центар за лекување: „Се спротивставив, врескав“

Александра Џонс, ќерка на легендарниот музичар Дејвид Боуви, отворено зборуваше за своето искуство во „таканаречената терапија во дивината“, програма наменета за „превоспитување“ на проблематични тинејџери.

Џонс рекла дека не била со својот татко кога тој починал, бидејќи тој ја сместил во центар за лекување неколку години претходно. Џонс рекла дека била принудена да се вклучи во програмата на 14-годишна возраст откако почнала да експериментира со алкохол и дрога додека се справувала со заболувањето на црниот дроб на нејзиниот татко.

View this post on Instagram A post shared by Lexi Jones (@_p0odle_)

„Татко ми го прочита писмото што го напиша. Не се сеќавам точно што пишуваше, но се сеќавам на последната реченица: „Жал ми е што мора да го направиме ова“. Потоа низ вратата влегоа двајца мажи, двајцата значително повисоки од мене. Ми рекоа дека можам да го изберам лесниот или потешкиот пат. Јас го избрав потешкиот пат. Се спротивставив. Вриснав. Се држев за ногарката од масата“, рече Џонс.

Ќерката на Боуви опиша како ја качиле во црн џип, а нејзините родители ги немало: „Останав сама, во автомобил со двајца непознати мажи кои не ми кажаа каде одиме. Седев таму, парализирана од ужас и целосно без зборови.“

Во текот на 91 ден во програмата, како што тврди, немала никаква приватност, туширањето било можно само еднаш неделно, а потоа била префрлена во станбен центар во Јута, каде што останала малку повеќе од една година. Таму дознала дека нејзиниот татко починал.

„Имав привилегија да разговарам со него два дена претходно, на неговиот роденден. Му кажав дека го сакам, а тој го рече истото. А потоа ја видов објавата: „Дејвид Боуви почина, опкружен со семејството“. Се чувствував физички лошо бидејќи – да, целото семејство беше таму. Освен мене“, рече таа.

Џонс, исто така, откри дека ѝ е дијагностициран аутизам, што, како што вели таа, „конечно им дало смисла на многу работи со кои се справував во тишина целиот мој живот“. Нејзиното искуство потсетува на сведоштвата на други познати личности како што е Парис Хилтон, која тврдеше во слични програми дека била злоставувана и насилно однесена од нејзиниот дом, што подоцна доведе до конгресна дебата во САД за контроверзните центри за терапија за тинејџери.
The post Ќерката на Дејвид Боуви открива дека тој присилно ја сместил во центар за лекување: „Се спротивставив, врескав“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: