Ќе ги обожувате! Рецепт за солени руски капи кои ќе го освојат сечие срце

Оваа закуска загарантирано ќе ги воодушеви вашите гости. Пробајте го едноставниот рецепт!
Потребни состојки за кора:
– 4 јајца;
– 12 лажици брашно;
– 1 павлака;
– 1 поголем рендан морков;
– 2 лажици сол;
– 1 прашок за печиво;
– 80 милилитри масло за јадење.
Потребни состојки за фил:
– 200 грама рендана шунка;
– 1 павлака;
– 150 грама фета сирење;
– 150 грама рендан кашкавал.


Подготовка на кората:
Изматете ги јајцата, потоа додадете го маслото за јадење, па мешајте. Потоа ренданиот морков, солта и павлаката. Сето тоа измешајте го убаво, па додадете го прашокот за печиво. Смесата ставете ја во правoаголен плех на хартија за печење, па печете на 180 степени околу 30 минути.
Подготовка на филот:
Рендатана шунка, павлаката, сирењето и кашкавалот измешајте ги.
Печената кора исечете ја со чаша, правејќи кругови. Остатокот од кората ставете го во филот. Потоа круговите кора филувајте ги со смесата.
Целата руска капа извалкајте ја во рендан кашкавал. Декорирајте по желба.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.