Ќе го обесштетува ли Марин инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“?

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин се надева на позитивно решение за стопирање на градбата на деветкатницата пред „Мајчин дом“. Тој пред новинарите објасни дека преговорите се во тек, не изнесе детали, но само кажа дека е извесно обесштетувањето на сопственикот на парцелата со пари.
-Маркичката за зградата не може да се избрише, затоа ќе одиме со обесштетување. Сѐ уште не сме дошле до одредена сума, но сопственикот на еден медиум изјави дека потрошил 5 до 6 милиони евра за купување на земјиштето и за комуналиите што ги платил на Град Скопе и општина Аеродром. Преговараме за обесштетување во кое би влегле токму трошоците што ги направил за купување на земјиштето, подготвениот проект и комуналиите. Можниот профит нема да го обесштетуваме како Општина Ародром – рече Марин.
Минатата среда, градежната инспекција на општина Аеродром ја стопираше изградбата на деветкатницата заради недостатоци на градилиштето, а градоначалникот Марин најави дека во рок од 14 дена, колку што е стопирана градбата, ќе се бара решение за трајно стопирање на деветкатницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.