Ќе поскапат горивата и дизелот во Македонија?!?

Минатиот вторник, цените на горивата се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар и сега се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар, а нафтата за 55 денари. По една релативно долга серија во која Регулаторна ги намалуваше малопродажните цени на нафтените деривати, од вторник, најверојатно тие ќе се покачат.
Тоа го иницира движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон.
Од вторникот, 8 јануари 2019. кога и се креираа актуелните цени до денес, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.
Во такви услови може да се очекува благо зголемување на малопродажните цени на горивата и кај нас, а како што може да се претпостави би изнесувало од околу еден денар до денар и половина по литар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.