Ги очекува ли граѓаните денеска нов ценовен шок откако две недели по ред поскапуваат горивата? Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука која ќе важи во следните седум дена.
Доколку повторно поскапе дизелот тогаш за првпат по подолг период неговата цена ќе биде над 100 денари, а приближно толку ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство.
Според последната одлука на РКЕ, цената на дизелот е 99,5 денари за литар, на Екстра лесното масло за домаќинство 98,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 во изминатите седум дена се точеше по цена од 91 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 по цена од 93 денари/литар.
Во одлуката е применет и намалениот износ на акцизата од 2 ден/лит кај бензините и 4 ден/лит кај дизелот.
The post Ќе се искачи ли дизелот над 100 денари, РКЕ денес носи одлука appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



