Ќе стигнеме до двотретинско мнозинство низ разговор, тврди премиерот 

Премиерот Зоран Заев верува дека за уставните измени ќе гласаат две третини од пратениците. Низ разговорите што тој лично ги водел со повеќемина од нив, се уверил дека има, „убава прогресивна маса“, што било доволен мотив Владата да почне постапка и да очекува овие денови тоа да го стори и Собранието.
Заев не може да потврди дека уставните измени имаат поддршка од 82 пратеника, но верува во инклузивен процес, во кој ќе преовлада прогресивниот елемент.
Премиерот ги отфрли шпекулациите дека на пратениците им се нудат пари и други бенефиции во замена за поддршка на процесот за менување на Уставот. Дури ако Парламентот не успее, ќе се размислува за предвремени избори. Тоа би било трошење неколку месеци, а сите знаат кој ќе победи и кој ќе обезбеди двотретинско мнозинство, дополни премиерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.