Ќофтиња од тиквички и компир

2 тиквички
1 компир
1 главица кромид
150 г сирење
2 јајца
2 чешчиња лук
5 лажици брашно
сечкан магдонос
сол и мелен црн пипер
Тиквичките, компирот и кромидот ги рендаме во длабок сад. Ги посолуваме и оставаме малку да отстојат да ја испуштат течноста. Потоа убаво ја истискуваме испуштената течност, и ги додаваме ренданото сирење, јајцата, брашното, исечканиот лук и магодосот. Посолуваме, зачинуваме со црн пипер и мешаме додека се соедини смесата. По една лажица ставаме на загреано масло во тава на оган. Ги пржиме ќофтињата на тивок одан додека поруменат од двете страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.