Ќофтиња со зеленчук

500 г мелено месо
1 голем компир
1 морков
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 кришки бајат леб
1 јајце
2-3 лажици лебни трошки
1 лажичка сув зачин
1 лажичка буковец
1 лажичка оригано
масло
сол и мелен црн пипер
Морковот и компирот ги вариме, и ги рендаме во садот со месото. Кришките леб ги потопуваме во вода. Откако лебот ќе омекне ја истиснуваме водата и го додаваме во садот. Кромидот и лукот ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме јајцето, лебните трошки и зачините. Со рака замесуваме смеса, ги формираме ќофтињата и ги пржиме на загреано масло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.