Џенифер Анистон ја откри нејзината се уште неостварена желба: „Апсолутно сакам да го направам тоа“

Актерката Џенифер Анистон неодамна откри едно нешто што е на нејзината листа на желби кога станува збор за нејзината кариера.

Во интервју за списанието People, 56-годишната ѕвезда откри дека сака да глуми во бродвејска претстава, но дека чека на вистинското сценарио и режија.

„Дефинитивно сакам да глумам во бродвејска претстава. Тоа е на мојата листа на желби, но важно е да се најде време и вистински „материјал“ за претставата. Апсолутно морам да направам претстава на Бродвеј“, рече Анистон.

Интересно е што по речиси четири децении во Холивуд, сè уште има нешто што се надева дека ќе го постигне во својата кариера. Бидејќи нејзината мајка Ненси Дау и таткото Џон Анистон исто така беа во индустријата, Анистон се занимава со глума уште од дете.

По дипломирањето на Средното училиште за сценски уметности во Њујорк, актерката глумела во неколку продукции надвор од Бродвеј и имала улоги во голем број телевизиски емисии, пред да го направи своето деби на големото платно во филмот „Leprechaun“ од 1993 година.

Кратко потоа, Анистон беше избрана за улогата на Рејчел Грин во „Friends“, улога што ја играше во текот на целото емитување на серијата од 1994 до 2004 година. Таа глумеше заедно со Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

За време на емитувањето на серијата „Friends“, Анистон имаше и голем број улоги во филмови како што се “My Affection” (1998.), “Office Space (1999.), “The Good Girl” (2002.) и “Bruce Almighty” (2003.).

Откако заврши серијата на NBC, таа глумеше во други филмски проекти, вклучувајќи ги: „Marley & Me“ (2008), „He’s Just Not That into You“ (2009), „Just Go with It“ (2011), „We’re the Millers“ (2013), „Cake“ (2014), „Dumplin’“ (2018) и „Murder Mystery“ (2019 и 2023).

Анистон моментално глуми заедно со Рис Витерспун, Били Крудап, Марк Дуплас, Карен Питман во серијата на Apple TV+ „The Morning Show“, чија четврта сезона треба да има премиера подоцна оваа година. Таа е и продуцентка на серијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: