Џенифер Лопез и Мет Дејмон се фотографирани како разговараат по премиерата на „Unstoppable“ на филмскиот фестивал во Торонто. Во еден момент се држеле за рака.Судејќи по изразите на нивните лица, тие зборуваа за нешто сериозно. Секако вниманието на фановите го привлече фактот што се држеа за рака, па следеа бројни коментари на социјалните мрежи.„За жал, кога ќе дојде до развод, едната страна секогаш се потпира на поддршката од пријателот на бившиот. Очигледно е за што станува збор, а Мет изгледа непријатно поради тоа“, „Најдоброто нешто што Џенифер може да го направи во овој момент е да остане сама. Не и треба маж за да се чувствува вредно“, „Оваа жена треба да научи како да поминува време со себе“, се дел од коментарите.Бен Афлек е продуцент на „Unstoppable“, за Ентони Роблс, кој е роден без нога и стана колеџ шампион во борење натпреварувајќи се против училиштето кое претходно го одбило.Џенифер игра споредна улога. Таа позираше сама на црвениот тепих. Бен решил да ја прескокне премиерата на филмот, а многумина веруваат дека тоа го направил за да избегне средба со бившата.Мет и Бен се пријатели повеќе од 40 години. Заедно во 1997 година постигнаа голем успех во светот на филмот добивајќи го Оскар за најдобро сценарио за филмот „Добриот Вил Хантинг“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.