Младиот италијански тенисер со трик потег ги воодушеви љубителите на тенисот ширум светот…Една исклучително интересна сцена беше видена во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс.Тенискиот спектакл помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз беше накратко прекинат по неколку натпревари поради дождот што паѓаше во калифорниската пустина.Кога во првиот сет беше 2:1, судијата го прекина мечот, а девојката која ги собираше топките донесе чадор и седна на клупата покрај Јаник Синер, за да го заштити младиот тенисер.Синер потоа направи убав потег. Не и дозволил на девојката да го држи чадорот, туку и го одзел и двајцата ги заштитил од дождот.Симпатичната девојка се посрамоти од неговиот џентлменски гест.Погледнете како тоа изгледаше:
Chivalry is not dead 🤩@janniksin | #TennisParadise pic.twitter.com/HODT6USPSR— Tennis TV (@TennisTV) March 16, 2024
Синер не успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, бидејќи загуби од Карлос Алкараз (2:1).



