Потребни состојки:
1 помала праска
2 лажици сок од лимета
60 мл џин
Тоник
Неколку листови нане
Лед
Начин на подготовка:
Измијте ја праската, преполовете ја и исечете ја на кришки. Во шејкер додајте сечкани праски и лимета, затворете и протресете за да пуштат сок. Додајте џин и протресете. Во чаша ставете коцки лед, сипете го сокот од шејкерот и на крајот во чашата сипете џин. По желба украсете со листови нане и послужете.