Совршен летен рецепт – солени палачинки со тиквички и 3 вида сирење

Сезоната на тиквичките е започната и не можеме да бидеме посреќни. Како неутрален зеленчук, тиквичките одлично може да се вклопат во многу солени, но и слатки рецепти, па дури и да направиме тестенини од тиквички во замена за стандардните.
Овојпат за вас имаме неодолив летен рецепт, совршен за појадок, вечера или мезе – солени палачинки од тиквички. Еве како може да ги подготвите:
Потребни состојки:
700-800 g тиквички
3 јајца
10 лажици брашно
1 прашок за печиво
½ шолја рендан пармезан
½ шолја рендан чедар кашкавал (или друг по вкус)
¼ шолја рендана моцарела (или обично сирење)
Зачини по вкус: сол, куркума, вегета, бибер, магдонос, лук во прав …
Исечкан млад кромид заедно со перцата
Кисела павлака по желба како сос


Начин на подготовка:
Измијте ги, излупете ги тиквичките и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Посолете ги и оставете да отстојат 15 минути.
Потоа добро исцедете ги за да го отстраните вишокот вода од нив. Додадете ги јајцата и измешајте ја добро смесата со виљушка.
Потоа додадете го брашното и прашокот за печиво како и зачините по вкус и повторно измешајте. На крајот додадете ги трите вида сирење и уште еднаш добро промешајте.
Во загреана тава која сте ја премачкале со малку масло оформете една палачинка од смесата во големина според вашата сопствена желба и печете на средна температура од двете страни додека добро не се зарумени.
Сервирајте ги со ситно исечкан млад кромид и сос од кисела павлака по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.