петок, 27 ноември 2026
Најново

Одржан одличен концерт на КУД „Китка“. Наум Петрески вечерва го затвора „Три круши 2016“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Масовно посетен беше синоќешниот концерт на КУД “Китка”, кој е дел од културното лето “Три круши 2016” организирано од општина Кисела Вода. Одличните кореографски постановки на Водарки, Драчевка, Тресеница, Источна, Правото, Бовчанското и Пајдушкото, сплетови на игри од Повардарието, кои ова КУД низ своето 48 годишно постоење, ги има прикажано пред публика од поранешна Југославија, од Соединетите Американски Држави, од Италија, Турција, Украина, Швајцарија, Полска, Романија, Бугарија, синоќа ги изведе пред својата публика, од Драчево. Не стивнуваа аплаузите на верско-рекреативниот локалитет Три круши, кој беше исполнет до последното место. Свој придонес во одличната атмосфера дадоа и гостите на КУД “Китка”, вокалните интерпретатори Билјана Булдиоска, Мишел Цветаноска и Спасе Антевски и групата “Ж’тем”.

Богатиот репертоар на културни настани од културното лето “Три круши 2016” ќе биде заокружен вечерва. Со целовечерен концерт на Наум Петрески, во 20:30 часот, на Три круши, во селото Драчево, ќе биде затворено годинешното издание на оваа манифестација.Одличните кореографски постановки на Водарки, Драчевка, Тресеница, Источна, Правото, Бовчанското и Пајдушкото, сплетови на игри од Повардарието, ко

Поврзани вести