10 работи за Луј Витон кои сигурно не сте ги знаеле

Луј Витон е денес една од водечките компании во светот на модата. Нејзиниот сопственик знаел со 16 години со што ќе се занимава во животот. Тоа на што не сметал е дека неговиот бизнис ќе се развие толку многу да стане еден од најпознатите, најголемите и водечки брендови во светот.

Компанијата формирана во 1854 година и на почетокот се занимавала само со изработка на куфери. Денес тие граници се одамна поместени па компанијата “Louis Vuitton”, го прошири своето влијание на производството на чевли, чанти, парфеми, часовници, очила, накит, па дури и кеси за ѓубре. Долгата историја изгради име кое денес се поврзува со квалитет, луксуз но и престиж.
 Меѓуто постојат работи кои сигурно не сте ги знаеле за Луј Витон и неговиот бренд.
Дали сте знаеле дека Луј Витон правел куфери за жената на Наполеон, Жозефина? На тој начин си пронашол елитна клиентела и тоа било почетокот на неговото патување во светот на модата.

Брендот Луј Витон е многу чувствителен во однос на дизајнот, со оглед на тоа со колку внимание и прецизност сенаправени нешта, и колку напор е посветен на заштитата на нивната шарена шема и комбинации на бои. Сепак, со големата популарност на овој бренд  само повеќе е  привлечен за измамници, па така на Луј Витон му дошла идејата  на познатиот монограм, кој се состои од три цветни мотиви и иницијалите на основачите.
Секогаш сите имаа само пофални зборови за Луј Витон. Но, знаете ли дека и највредниот бренд во светот, покрај својето искачување,  имаше и неколку падови? Еден од нив е  случајот Кју Витон , кога “Луј Витон” го тужеше сопственикот Хejт Дигит Дог за злоупотреба на заштитен знак. Се разбира, судот  не пресуди во корист на Луј Витон, затоа што верувале  дека имиџот на брендот не може да биде нарушен од сатиричен маркетинг  трик.
Најголемиот луксузен “Луј Витон” бутик се наоѓа на 101 Авенија на Париз. Тој се протега повеќе од 900 метри квадратни.

Овој бренд има пет продавници во Невада, сите пет се во истиот град во истата улица.
Дали знаевте дека “Луј Витон” им подарува торби на новинарите на модните ревии? Ако не пред модна ревија, тогаш сигурно за Божиќ.
Една од најпознатите „Луј Витон“  работо е „Speedy“ торба, лансирана е во 1930 година и во почетокот била патна торба наречена „Еxpress“.Направена е мини-верзија на  торбата, по барање на Одри Хепберн,која го прославила овој модел. Сега, класичена “Speedy” вреќичка чини  2650 долари.

Уште една од најпопуларните “Луј Витон” торба е  “Аlma”, а исто така е една од најпознатите и најбарани.  Ги освои потрушувачите со својата елеганција и префинетост. Покрај тоа, тоа е торба која ја носела и Коко Шанел.
 Ако носите нешто од Луј Витон, знаете  дека не носите само ексклузивни и модерни парчиња, но исто така и  работи кои се издржливи и кои се тестирани во неколку начини. Сите “Луј Витон” чанти и накит минуваат низ строго тестирање.
Најинтересен е фактот што после секоја сезона, односно распродажба, вработените во компанијата, сите чевли и ташни со потписот на Луј Витон ги враќаат назад во фабриката во Франција каде ги сечат и ги палат.
Луј Витон е денес една од водечките компании во светот на модата. Нејзиниот сопственик знаел со 16 години со што ќе се занимава во животот. Тоа на

Пронајдете не на следниве мрежи: