10 „досадни“ модни парчиња што секоја жена би требало да ги има

Кога почнува нова сезона, сигурно размислувате да го обновите гардероберот. Но најверојатно не ни помислувате да купите бела маица или обични црни панталони. Сепак, вашите модни комбинации не би биле возможни без некои основни парчиња облека.
Погледнете кои се „досадните“ модни парчиња што би требало да ги имате.
Бела маичка


Белите мачки се неизоставен дел од гардероберот, особено во текот на летото. Па следниот пат кога ќе одите во шопинг, инвестирајте во добра бела маичка.
Комбинациите со неа се безбројни, па купувањето ќе се исплати.
Тесни црни панталони


Носењето чизми е речиси невозможно без тесни панталони. Иако можеби ќе сакате да купите некој друг повпечатлив модел, не заборавајте ги обичните тесни панталони.
Блејзер


Изминативе неколку години моделите на блејзери станаа навистина похрабри. Но и покрај многуте опции, добро е да имате и еден „обичен“ блејзер со класичен крој.
Исто така доколку можете, платете повеќе за поквалитетен блејзер што ќе ви трае долго.
Обична маичка на прерамки


Кога последен пат сте се сетиле да си купите обична маичка на прерамки? Сигурно често ви притребуваат, па оваа сезона купете уште некоја. Можете да ги најдете по навистина ниска цена, а ќе ги комбинирате со речиси сè.
Црни хулахопки


Во зима е невозможно да го облечете омиленото здолниште без пар хулахопки. Бидејќи не можете да ја поминете целата зима без да ги искинете, добро е да инвестирате во неколку пара.

Тексас јакна


Тексас јакните се носат во пролет и во лето, се комбинираат и со панталони и со здолништа, а стојат одлично и под зимскиот капут.
Иако денес постојат модели со секакви бои, добро е да имате и класична тексас јакна.
Тесна ролка


Ролките можете да ги носете со здолништа, панталони, под фустани и со фармерки. Па, инвестирајте во барем една квалитетна ролка.
Практични црни чизмички


Кога ќе ги земете предвид сите достапни модели, сигурно не ни помислувате да купите обични црни чизми. Но, токму овој модел можете да го комбинирате со речиси сè.
Бела кошула со копчиња


Кошулите се вечна класика, а белите навистина се незаменливи. Белата кошула е одлична за деловни и лежерни комбинации, па нема да погрешите доколку купите една.
Црни хеланки


Овде не станува збор за хеланки за вежбање, туку модели што ќе направат вашите нозе да изгледаат неверојатно, а ќе ви овозможат да се чувствувате како да сте излегле во пижами.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.