10 навики во исхраната со кои ќе го зачувате здравјето и без држење диети

Едно истражување покажало дека кај повеќето луѓе, краткотрајното држење диета всушност не води до подобрување на здравјето и телесната тежина. Покрај тоа се покажало и дека држењето диета може да биде и штетно. Затоа, за да ја контролирате вашата тежина и да го зачувате здравјето, најдобро е да промените неколку навики во вашата исхрана. Погледнете за кои станува збор.
1. Јадете бавно и добро џвакајте ја храната


Едно истражување покажало дека луѓето кои јадат брзо, побрзо се здебелуваат за разлика од оние кои јадат побавно. Јадењето бавно и доброто џвакање ќе направи да се чувствувате сити, дури и ако сте изеле помалку. За најлесно да го забавите јадењето, почнете да броите колку пати го џвакате секое залче. Потоа постепено зголемувајте го бројот доколку сакате да јадете побавно.
2. Редовно пијте вода
Пиењето вода е клучно за одржување на здравјето. Пиењето чаша вода пред оброк ќе ви помогне во слабеењето бидејќи ќе направи да се чувствувате сити. Едно истражување покажало дека луѓето кои пиеле половина литар вода 30 минути пред оброк изеле помалку од вообичаено.
3. Послужувајте ја нездравата храна во црвени чинии
Можеби изгледа чудно, но еден експеримент покажал дека луѓето пиеле помалку од чаши со црвена боја и јаделе помалку од чинии со истата боја. Најверојатно причината за ова е тоа што црвената боја ја гледаме како суптилен сигнал за прекинување.
4. Избегнувајте засладени пијалаци
Додадениот шеќер е најголемата причина за многу здравствени проблеми – од дијабетес и дебелина, па сè до болести на срцето. Само една лименка газиран пијалак има околу 52 грама шеќер, додека препорачаната дневна доза за мажи е 37,5 грама, а за жени 25. Наместо овие пијалаци, одберете чај, кафе или свежо цеден сок.
5. Јадете без да ви се одвлекува вниманието


Доколку обрнувате внимание на јадењето без да гледате телевизија или слично, ќе изедете помалку и ќе внесете помалку калории. Исто така ќе бидете посвесни за храната што ја јадете кога нема да ви се одвлекува вниманието од опкружувањето. Неколку истражувања покажале дека луѓето кои гледале нешто додека јаделе консумирале околу 10% повеќе храна од вообичаено.

6. Јадете две јајца дневно


Едно истражување покажало дека ако за појадок комбинирате нискокалорична храна со јајца, полесно ќе се ослободите од вишокот килограми. Причината е тоа што јајцата се богати со протеини кои прават да се чувствувате сити подолго време.
7. Појадувајте секој ден
Бидејќи наутро речиси секој е зафатен, голема е веројатноста да го прескокнувате појадокот или да изедете многу малку. Но, ова е штетно за вашето здравје. Појадокот не само што ви дава енергија да го започнете денот, туку го намалува ризикот од дијабетес, дебелина и болести на срцето. Над 75% од луѓето кои изгубиле повеќе од 10 килограми појадуваат секое утро.
8. Доколку сте гладни, џвакајте гума за џвакање со нане


Гумата за џвакање без шеќер со вкус на нане може да го потисне чувството на глад. Вкусот на нане го ослабува сетилото за вкус и ја „убива“ желбата за храна.
9. Јадете во добро осветлена просторија
Јадењето во светла просторија ги тера луѓето да одбираат поздрава храна. Според едно истражување од САД, се открило дека луѓето кои јадат во светла просторија консумираат 39% помалку калории за разлика од оние кои јадат во затемнета соба.
10. Јадете повеќе од 3 пати дневно
Наместо да изедете 3 големи оброци, поздраво е да ги поделите на 6 помали. На овој начин ќе се намали времето на чекање помеѓу оброците – колку подолго го чекате оброкот, толку се поголеми шансите да се прејадете. По 3 часа без храна, шеќерот во крвта почнува да опаѓа. По 4 часа вашето тело веќе дигестирало сè што сте изеле. Штом ќе поминат 5 часа, нивото на шеќер е навистина ниско и посегате по што било.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.