10 народни лекови кои не би требало да ги пробувате

Покрај тоа што не лечи ништо, колоидното сребро има многу сериозни несакани ефекти поради начинот на кој се акумулира во телото. Евентуално, насобраното сребро ќе предизвика болест позната како аригирја, која прави кожата да има сино-зелена боја. За да биде уште полошо, оваа нијанса не може да се тргне, оставајќи ги жртвите со перманентна чудна боја.

Лекови за труење
Речиси секое народно верување поврзано со труење е грешка и речиси секој лек за труење прави повеќе штета отколку самиот отров. На пример, присилувањето на некој да поврати откако внел отров е грешка, бидејќи многу отрови, особено корозивните супстанци, предизвикуваат многу повеќе штета кога се исфрлаат на овој начин. Што ако голтнете малку сода бикарбона за да ги неутрализирате отровите? Уште полоша идеја, бидејќи големата количина на сода бикарбона може да биде фатална.

Другите опции, кои вклучуваат пиење млеко, јадење путер или живи јајца, не се многу штетни, но баш и нема да му помогнат на некој кој има стомак полн со отров. Во вакви ситуации заборавете на народните лекови и веднаш упатете се во болница.

Решенија за вдлабнатината на главата кај новороденче
Ако сте поминале време со новороденче, сигурно сте запознаени со мекото место на врвот на неговата глава. Додека оваа мекост на черепот е сосема нормална, многу култури сметаат дека некои работи може да направат да се вдлабне и да предизвика сериозни повреди или смрт.

Во Мексико, мајките се плашат да го тргнат бебето од дојката или шишето премногу брзо бидејќи им е страв дека тоа ќе предизвика „caida de la moerlla“, односно вдлабена фонтанела. Ако се случи ова, некои од третманите вклучуваат тресење на бебето или држење на бебето наопаку. Сите овие „лечења“ можат да бидат опасни, и за ова вдлабување потребна е медицинска нега. Тоа може да биде причинето од неухранетост или дехидрирање.

Чадење на ушните канали
Познат народен лек во САД е користење тутун за лечење на болки во увото. Додека повеќето верзии на овој третман се со повлекување дим од цигара или „дување“ на димот во болното уво, екстремната верзија е ставање тутун во самото уво.

Се разбира, ова никако не помага со болката во увото. Ставање на што било во ушниот канал, вклучувајќи и тутун, е нешто што треба да го избегнувате бидејќи повеќе ви штети одошто ви помага.

Лечење со замрзнато месо
Во светот на цртаните најдобар начин да третирате помодрено око е да му ставете живо замрзнато месо. Во некои случаи ова е логично, месото ќе ја „извлече“ течноста, ќе го намали отокот и ќе ја намали болката. Но сепак ова не е добра идеја. Бактериите во местото можат да предизвикаат болни инфекции со тоа влошувајќи ја состојбата на обичната модринка. Наместо месо, ставете ќесе со замрзнат зеленчук.

Третмани при растење на забите
Кога се соочени со бебе кое плаче, многу луѓе би направиле сѐ за да го смират, особен ако тоа е во болки. Во многу култури, најдобар лек за болното непце на бебето е втривање малку виски на него. Според експертите, ова е нешто што не смеете да го правите бидејќи не постои безбедна количина на алкохол за малите деца. Наместо алкохол, протријте ги непцата на бебето со ладна и влажна крпа или користете ладни, не замрзнати играчки со оваа намена. Доколку вашето бебе навистина има многу болки, најдобро е да го посетите вашиот доктор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.