10 народни лекови кои не би требало да ги пробувате

Пред развојот на медицината, луѓето немале друг избор освен да измислуваат нивни лекови и третмани за лекување болести и повреди. Пред само еден век некои семејства имале ограничен пристап до лекови поради големата оддалеченост на докторите. Кога посетата на доктор не доаѓала предвид, луѓето ги користеле голем број народни лекови.
Денес науката ни овозможува поефикасни и побезбедни алтернативи, но многу од народните лекови сѐ уште се во употреба. Погледнете зошто многу од нив ви прават повеќе штета отколку што ви помагаат.

Путер за изгореници
Се изгоревте на жешкото тенџере на шпоретот? Подобро не го вадете путерот. Додека многу луѓе веруваат дека путерот ја намалува болката од изгореници, овој „лек“ може само да предизвика повеќе штета. Нанесувањето путер на изгореница вклучува и нанесување на бактерии, а ова може да доведе до инфекција. Путерот, мелемите и слично, исто така може да ја заробат топлината под кожата со тоа влошувајќи ја изгореницата и правејќи ја штетата поголема. Топлината ќе ги оштети слоевите кожа кои се наоѓаат подлабоко и навидум малата рана може да остави поголема трага.

Слојот од путер исто така ќе им ја отежни работата на професионалците кога ќе сакаат да ја испитаат изгореницата, притоа одложувајќи го третирањето на истата. За среќа, справувањето со изгореници е едноставно. Доколку се изгорите ставете ја раната под ладна вода за да ја намалите болката и веднаш барајте професионална нега.
Свеќа во увото
Имате зголемено лачење на ушна маст, но не сакате да одите на доктор? Додека свеќата ветува дека ќе го тргне вишокот маст, професионалците препорачуваат воопшто да не се користи, особено не кај деца. Обожавателите на овој третман користат шуплива свеќа за да стават жежок восок во увото, што создава негативен притисок и ја извлекува ушната маст. За жал, не само што нема никакви докази кои го подржуваат ефектот, туку пријавени се многу повреди од овој третман, од зацврстување на восокот и блокирање на ушниот канал, па сѐ до изгореници и оштетување на ушните тапанчиња.

Ако чувствувате дека вашите уши се затнати, треба да знаете дека вашето тело има ефикасен систем за отстранување на вишокот маст. И најважно, само докторите треба да чепкаат во вашите уши. Овде спаѓа и користењето стапчињата за уши, кои треба да ги чувате подалеку од вашиот ушен канал.

Олово во прав
Труењето со олово има трагични последици вклучувајќи интелектуална неспособност, болести и смрт. Додека бојата со олово е еден начин децата да бидат изложени на него, народните лекови со олово биле најголемата причина за ова, и тоа сѐ до 2008 година. Лекувањето со олово се користи кај децата за болки во стомакот или во забите. Овој портокалов прав, кој децата го консумираат орално, содржи до 90% олово, што го прави екстремно опасен најмногу поради фактот дека кое било количество на олово во крвта е опасно.

Горење вошки
Многу векови луѓето се справувале со вошките така што ја полевале главата со бензин, керозин и други опасни запаливи хемикалии. Можеби овој третман помага да се ослободите од паразитите, но сепак има и бројни опасности од него – изгореници, лузни, па дури и смрт.

Не заборавајте дека е потребна многу мала искра за да запалите некои горива, па полевањето на вашето тело со нив не е баш најдобра идеја. Дури и ако не се запали, горивото е премногу грубо за да го нанесувате на вашата кожа. Имајте на ум дека денес постојат многу побезбедни опции за ослободување од овие паразити.

Колоидно сребро
Колоидното сребро се користи за неверојатно голем број болести, од иритации на кожата, па до третирање на ХИВ вирусот. Се состои од сребрени капки растворени во некаква течност и може да се прима орално или да се нанесе директно на кожата. И покрај тоа што некои тврдат дека овој продукт е безбеден затоа што е природен, овој лек не е ефикасен за ниту една болест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.