Психијатарот Сузан Лахман ги открива овие десет причинители за појавата на ниска самодоверба кај луѓето, кои мора да се избегнат со цел да се изгради една среќна личност. Се разбира, најголем дел од нив доаѓаат од домот.
1. Родители кои не го одобруваат поведението на детето. Доколку што и да направите, вашите родители постојано ви повторуваат дека не сте доволно добри или дека не ве бива за ништо, не можете да израснете во личност со самодоверба.
2. Презафатени родители. Лахман тврди дека тешко е да се изгради самодоверба ако родителите не обрнуваат внимание на успесите на своите деца. Нивното внимание ќе им даде потврда на сопствениот успех, а потоа ќе ги мотивира да се обидат да постигнат уште повеќе и да бидат задоволни со тоа.
3. Родители во конфликт. Детето кое ги гледа конфликтите на своите родители секогаш смета дека тоа самото придонело за да дојде до нив. Ваквите негативни емоции го плашат детето, а тој страв одмага во градењето на самодовербата
4. Малтретирање од врсниците кога изостанува одбраната од родителите. Децата кои се заплашувани или исмејувани од својата околина неизбежно ќе претрпат одредени последици, но полесно ќе ја поднесат болката ако имаат родители кои ги бодрат и им помагаат да ја подобрат сликата за себе. Но, доколку и самите родители го навредуваат или исмејуваат детето, тоа нема ниту дома да чувствува емоционална безбедност.
5. Малтретирање од врсниците кога родителите претерано се грижат. Ако родителите ги водат борбите на своите деца во нивно име, тоа ќе ги остави нивните деца со чувство на неподготвеност за соочување со вистинскиот свет.
6. Малтретирање од врсниците кога на родителите не им е грижа. Во ваков случај детето може да се почувствува како да не е вредно за внимание, а потоа и да се повлече во свој свет.
7. Проблеми во училиштето кога изостанува вниманието на родителите. Иако тие нема секогаш отворено да го покажат тоа, децата на кои не им оди учењето може да се почувствуваат како да се помалку способни од своите врсници. Ако родителите не им помогнат да ги решат проблемите, чувството дека се глупави ќе почне да им го нагризува мислењето за себе.
8. Траума. Физичката, психичката или сексуалната траума се битен фактор кога станува збор за градењето на самодоверба. Ако некој бил присилен на нешто тогаш е тешко да им верува на другите, а честопати и на себе поради чувството на вина. Покрај тоа, чувството на срам исто така не помага во градењето на позитивна слика за сопствената личност.
9. Лични уверувања. Кога една личност е водена од своите религиски или морални уверувања дека со исполнувањето на сопствените желби прави некаков грев, ефектот е сличен како во случајот кога родителите не го одобруваат поведението на нивното дете. Без разлика на тоа дали негирањето доаѓа од реални или од замислени авторитети, штетата е слична.
10. Медиумите. Тие успеваат да им ја уништат самодовербата на многу луѓе кои слепо веруваат во искривените вредности кои ги промовираат дел од нив. Ова особено е видливо со рекламите и жолтиот печат кои наметнуваат критериуми за убавина и среќа во животот кои не се достапни за секого.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.