Машкиот мозок е “програмиран” да забележува некои специфични работи кај жената уште при смамото запознавање.Но, спротивно на општото мислење, поголема веројатноста дека нивните мозоци многу почесто ќе се задржат овие десет факти:
1. Зошто ли така зборува?
Повеќето мажи детектираат три различни видови на глас на жените, длабок, висок, и глас што се вика: намерно-зборувам-со бебешки-тонови-бидејки-мислам-дека-така-сум-попривлешна-за-спротивниот-пол. На некои луѓе можеби овој глас им е баш сладок, а додека пак на други им предизвикува главоболка.
2. Зошто ми се насмевна?
Секој маж сака да биде во друштво на жена во добро расположение, но исто така секој од нив се прашува што е причина за насмевка. Дали е љубовна насмевка, или нешто повеќе?
3. Во што ли е таа облечена?
Или станува збор за неверување инспирирано од модната комбинација која мажот не ја смета за соодветна за состанок, или пак зад парашањето се крие воодушевување за нејзината модна комбинација.
4. Дали има смисла за хумор?
Секој човек за себе мисли дека има одлична смисла за хумор, но останува фактот дека на некој му се допагаат вашите шеги а некој воопшто и не ги разбираат. Ако жената не го разбира, тешко дека мажот ќе биде заинтересирани за понатамошно дружење.
5. Во што гледа?
Мажите сакаат да дознаат, каде е вперен женскиот поглед, и за што таа размислува. Поглед вперен кон екранот на телевизорот, на пример, укажува на тоа дека на жената и е досадно, и очите вперени кон излезот може да значи дека таа размислува за тоа да биде што подалеку од вашето друштво.
6. Дали да ја „одмеркам“?
Очите на мажите несвесно поминуваат низ целото женско тело, додека се запознава со нова личност. Дури и најљубезниот маж во светот ќе се размислува за можноста со неа да има секс.
7. Каков е тој мирис?
Ако жената мириса на некој поизразен парфем, мажот ќе се обиде да дознае за кој мирис станува збор. За жал, нивниот нос и знаењето за парфемите не оди подалеку од идентификување само на мирисот на ванила и лимон.
8. Како се однесува со келнерот?
Мажите знаат многу за жената според начинот на кој таа се однесува кон луѓето околу неа. Ќе приметат, дали таа се однесува убаво кон келнерот, или пак му прави проблем, затоа што смета дека не заслужува почит.
9. Зошто ме допира?
Мажот ќе биде почестен ако жената ја допира неговата рака или неговото рамото за време на првиот состанок. Но, ако на целиот разговор се одвива во несоодветни допирања или боцкања, тој ќе биде иритиран од нејзиното однесување.
10. Каква ли е тоа шминка?
Некои мажи преферираат природен изглед, други претпочитаат да ги видат усните на жената намачкани со црвена кармин. Но секој човек, генерално, ќе го забележи присуството или отсуството на шминка на лицето на жената и, следствено, со тоа ќе донесе некои одлуки.