10 години Вино Скоп- Од 28.09-02.10 јубилејно десетто издание на фестивалот

Десет години Вино Скоп: Оваа година јубилејно издание на фестивалот.
Од 28 септември до 02 октомври во центарот на Скопје, традиционално ќе се одржи фестивалот кој ги слави виното и музиката- Вино Скоп 2016. 
Десет години, градот Скопје секоја есен ужива во боите и вкусовите на македонското вино и деликатеси кои одлично одат во комбинација со добра чаша квалитетно вино, а годинава јубилејно ќе го прославиме десеттото издание на  најпознатиот вински фестивал. 
Од организацијата по повод јубилејот ветуваат весела музичка програма, учество на над 20 винарии како и многу други забавни активности со кои ќе се одбележи десетиот роденден на Вино Скоп. 
Од 28 септември до 02 октомври во центарот на Скопје, традиционално ќе се одржи фестивалот кој ги слави виното и музиката- Вино Скоп 2016.

Пронајдете не на следниве мрежи: