10 интересни факти за Титаник: Еден патник се спасил бидејќи бил мртов пијан…

Вечерта на 14 април 1912 година во 22:40, Титаник-најголемиот брод изграден до тогаш, удира во карпа мраз. По 2 часа и 40 минути од ударот, на својата прва и единствена пловидба, Титаник потонува, а утрото околу 2:20 часот исчезнува во длабочините на Атланскиот океан. Трагичниот настан однесе 1500 животи, или две третини од луѓето кои пловеле со него.Најпознатото потонување на брод во историјата на човештвото, беше документирано на стотина начини. За оваа голема трагедија се снимени и бројни филмови, напишани се голем број книги и организирани се изложби, но и до ден денес постојат детали кои би можеле да ве изненадат.
1. Било замислено сите патници да поминат еден вид на тренинг во случај на опасност од катастрофа, но вежбата која била предвидена за денот пред потонувањето на бродот, била откажана.
2. Една од највпечатливите сцени во филмот, кој ги собори сите рекорди на гледаност во 1997-ма година, е онаа кога оркестарот на бродот продолжува да ја свири аријата и покрај целосниот хаос. Тоа навистина се случило и таа приказна ја раскажал некој од неколкуте среќници кои успеале да се спасат.
3. Милтон Херши, основачот на прочуената фабрика за чоколадо која и ден денес е една од најголемите производители на слатки на светот, имал карта за патувањето на Титаник, но во последен момент ја откажал резервацијата, поради работен состанок.
4. На бродот имало и неколку јапонски туристи, а еден од нив успеал да ја преживее несреќата. По враќањето во Јапонија, бил подложен на јавен потсмев и бил нарекуван кукавица поради тоа што се обидел да се спаси, а не останал на бродот.
5. Буџетот на филмот Титаник (околу 200 милиони долари) бил значително „посилен“ од оној кој сопствениците на бродот им го овозможиле на градежниците на бродот во Ливерпул.

6. Експертите утврдија дека сантата мраз во која удри бродот, запловила во море околу 1.000 години пред новата ера. Значи, речиси 3.000 години подоцна, со неизбежен човечки фактор, предизвика смрт на повеќе од 1.500 луѓе.
7. Американскиот брод „The Californian” бил многу блиску до Титаник и можел многу брзо да им ја даде потребната помош на посадата и патниците во текот на спасувањето, но отпловил понатаму поради лоша комуникација.
8. До ден денес,Титаник остана единствениот крузер кој потонал поради судар со санта мраз.
9. Шефот на пекарата од Титаник, кој бил задолжен за правење колачи и други десерти, го преживеал тонењето на бродот благодарение на огромната количина алкохол која ја имал во себе. Количеството алкохол во неговото тело, спречило да дојде до брзо смрзнување во ледената вода. Тој беше спасен после цели два часа поминати во вода.
10. Со реконструкција на несреќата е утврдено дека трагедијата би била избегната доколку капетанот на бродот ја добиел информацијата дека пред него се наоѓа леден брег, само 30 секунди порано отколку што навистина ја добил. Замислете: само 30 секунди…Најпознатото потонување на брод во историјата на човештвото, беше документирано на стотина начини. За оваа голема трагедија се снимени и бројни фил

Пронајдете не на следниве мрежи: