Водејќи се според изреката „убавината во окото на посматрачот“, искоритете ја гардеробата за правење оптичка измама, поради која, тој што ќе ве набљудува, ќе му изгледате згодно, витко и секако, послабо.Гардеробата може да биде многу корисно средство за покривање на килограмите, но понекогаш не сме сигурни што треба да носиме и комбинираме за да го постигнеме тој ефект.
Затоа ви даваме неколку испробани трикови кои би требало да ги применувате доколку сакате да изгледате послаби.
Избегнувајте панталони со набори
Наборите прават да изгледате уште подебело отколку што сте. Затоа носете панталони каде долниот дел е рамен. Тоа ќе ја издолжи вашата фигура и ќе ве направи послаби.
Покажете ги рамената
Голите раменици одлично помагаат бидејќи го свртуваат вниманието на посматрачот од „критичните“ делови од телото. Носете маички без прерамки, маички на едно рамо или било кој модел кој ќе ви ги открива рамениците.
Завратете ги ракавите на кошулата
За да го нагласите најтенкиот дел од раката (од зглобот до лактот) и создадете впечаток на потенко тело, поткренете ги ракавите на кошулата или пак едноставно изберете маичка со три четврт ракав.
Носете долна облека за обликување на телото
За да го прикриете стомакот и „сполјерчињата“ во пределот на струкот, најдобро би било да облечете мидер (кој ќе ве затега од бедрата до под градите) и кој има ознака „shape“. Овој мидер е направен од специјални растегливи материјали кои го обликуваат телото и совршено ги „распределуваат“ вишокот на килограми.
Носете соодветен градник
Најчест пропуст на жените е кога станува збор за градникот – најчесто ги купиваат оние кои имаат лабав дел на грбот или оние чии корпи се врежани во кожата. Овие грешки само го истакнуваат вишокот кој го има на вашиот грб и тоа е тешко да се прикрие со било каква гардероба.
Носете маички со подлабок израз во пределот на вратот
Никој нема сало во пределот на вратот, па затоа маичките со подлабок израз кај вратот е одличен начин да изгледате повитко. Ако имате поголиеми гради, ностете маички во V израз, но доколку имате помали гради, најдобро би било да барате маички кои имаат округлест израз.
Внимателно комбинирајте ги модните додатоци
Користете впечатливи и доминантни модели и додатоци кои ќе ви помогнат јасно да ставите акцент на она што е најдобро на вас. На пример, ако сакате да го тргнете погледот од вашата половина, ставете масивен ѓердан околу вратот или богати обетки кои ќе го одвлекуваат вниманието од централниот дел од вашето тело.
Носете фармерки од темен тексас
Светлите фармерки, посебно оние кои по средината од предниот дел се избелени, визуелно ќе го зголемат обемот на вашите бутови. Затоа бирајте фармерки со потемен тексас, по можност без избледени делови на предниот или задниот дел. Исто така, избегнувајте модели со низок струк, бидејќи лесно можат да испаднат „спојлерите“. Затоа темниот тексас фармерки со висок струк би била совршена комбинација за вас.
Носете маички и туники кои паѓаат широко од под градите
Доколку имате вишок на килограми, преку летото најдобро е да носите маички, туники или фустанчиња кои лесно паѓаат од под градите. На тој начин стомакот ќе го покриете, но внимавајте моделот што ќе го одберете дополнително да не ве шири.Гардеробата може да биде многу корисно средство за покривање на килограмите, но понекогаш не сме сигурни што треба да носиме и комбинираме за да го