Лажливците прават се за да ве одвратат од разговор за за нив непожелна тема што би можело да разоткрие нешто што тие не сакаат да го знаете.Го избегнуваат контактот со очите
Луѓето кои лажат заземаат вкочанет став, и постојано гледаат на страна или во подот додека ви зборуваат, притоа избегнувајќи го искрениот поглед очи в очи.
Заземаат одбрамбен став
Почнуваат да ви викаат и да ве прашуваат како се осмелувате да се сомневате во нив со цел да ви создадат чувство на вина. Вообичаено многу гестикулираат со рацете за да изгледаат што побесно и вознемирено од вашата постапка.
Даваат непотребни дополнителни информации
Лажливците се познати по тоа што се што ви кажуваат го дополнуваат со информации кои немаат врска со главната приказна со цел што повеќе да ве збунат и дефокусираат од разоткривањето на вистината.
Препознатливи знаци во говорот
Доколку лажгото става показни заменки пред именките, како на пример тие пари, таа жена, таа работа, значи дека се обидува да се дистанцира од поимите за кои се сомневате дека ве лаже. На сите ни е позната најславната изјава на Бил Клинтон: „Немав секс со таа жена“.
Необичен говор на телото
На мозокот му треба многу енергија за да креира лага, па затоа лажливците во момент кога смислуваат лаги се вкочануваат, прават паузи во говорот и ред други работи.
Се потат
Потта и потењето се еден од најдобрите предавници на лажговците. Додека лажат, тие стануваат нервозни, почнуваат да се потат и им се тресат прстите, па затоа земаат некој предмет в раце и си играат со енго додека зборуваат.
Филозофираат
Една од најчестите тактики кај искусните лажговци. Овде може да се споменат политичарите, кои своите говори ги развлекуваат во екстремно долги реченици кои се грматички беспрекорни. Тоа е знак дека не станува збор за лежерен и искрен разговору, туку за разговор кој е пред време осмислен и испланиран.
Се плашат од вашиот молк
Доколку не прозборите по нивното излагање, тие мислат дека вие размислувате за тоа дали ве излажале и дали нешто во нивниот говор ги издало во лагата? Затоа не оставаат да молчите. Или ве тераат да зборувате, или тие самите ги поплнуваат молчеливите минути.
Следете им го погледот
Постои едно старо верување дека ако соговорникот по својот говор погледне на лево лаже, а ако погледне на десно ја зборува вистината. Додека лажат, на луѓето им се суши устата, па лесно може да се разоткријат при прекумерното вдишување во текот на разговорот.
Побарајте да ви повторат што кажале
Ова е мошне ефикасен полициски метод за фаќање на лажговците. Штом завршат, замолете ги повторно да ви раскажат се, и внимавајте на редоследот на раскажувањето. Така лесно можете да ги фатите во лага.Го избегнуваат контактот со очите
Луѓето кои лажат заземаат вкочанет став, и постојано гледаат на страна или во подот доде