Веќе одамна Ви е јасно дека Вашиот мозок функционира и размислува поинаку од оној на Вашето момче (освен тоа што секако Вашето женско мозоче е поубаво и попаметно). Доколку се направи пресек на мозокот на девојка ќе се забележи дека постојат центар за пријателките, за семејството, друг центар за музика,филмови и забава, еден центар за естетика, за шопинг, мозочен центар за момчето, друг центар каде што ја планирате вашата свадба и иднина итн… и уште милион други мисли што ви поминуваат низ глава во текот на денот.А ако ѕирнете во виугите на посилниот пол ќе забележите еден центар за секс,уште еден за секс, еден за спорт и една вијуга која постојано размислува како да се направат пари.
За да не испадне дека зборувам напамет, еве Ви и потврда од научници кои извршиле експермент со еден пар. Имено на случајно избрани момче и девојка им дале да водат дневник и вечерта да напишат како им поминал денот. Еве што напишала девојката : Осамна уште еден убав,сончев ден. Затоа со мојата другарка решивме да го искористиме и да прошетаме по кеј. Разговаравме за нашите љубовни проблеми, се сретнавме со некои пријатели, пиевме кафе и се на се многу убаво си поминавме. Кога се вратив ручав со моето семејство. Вечерта се сретнав со моето момче. На почеток не беше многу расположен, го прашав што му е, но не сакаше да ми каже што му е. Почнав да го галам и малце се расположи.
Потоа водевме љубов и така заврши мојот совршен ден.
А еве што запишало момчето во својот дневник : Денеска Интер го победи Милано. Вечерта имав секс со мојата девојка.
Можеби помисливте и Вие му дадете на вашето момче да води дневник ?
Пронајдете не на следниве мрежи: